Home Македонија Дојде Заев на Бихачка , на роденденскиот коктел

Дојде Заев на Бихачка , на роденденскиот коктел

Сојузот на социјалдемократите на Македонија (СДСМ) вечерва одбележа 35 години од своето основање на свечен настан на кој присуствуваа членови и поддржувачи на партијата.
 Настанот привлече внимание и поради првото јавно појавување по подолг период на поранешниот лидер на СДСМ, Зоран Заев.

Тој се појави на самата завршница на свеченоста, околу пет минути пред крајот, откако веќе завршиле сите говори и музичкиот дел од програмата, но и критики на медиумите дека него и Бранко Црвенковски ги нема на прославата, а тука се само актуелниот Филипче , Бучковски и Ковачевски. Заев пак во мегувреме се сликаше на промоција на документарен фил, тука во Скопје.
ШО ПРАИТЕ БЕ ДРУГАРИ, ИЗВИНЕЈТЕ ЗА ДОЦНЕЊЕ, МОРАВ ТАМУ НА ПРОМОЦИЈА НА ТОЈ ФИЛМОТ
Според снимките од настанот, Заев беше пречекан со аплауз од присутните, а дел од гостите му приоѓаа, се поздравуваа, го прегрнуваа и се фотографираа со него.
Во еден момент, тој ја здогледува Каја Шукова,се поздравува со нејзе и ја прегрнува, а потоа со насмевка на останатите присутни им вели: „Шо праите бе, другари“.
На видеото може да се слушне како Заев се извинува за доцнењето, велејќи: „Извинете на доцнење сега, ама морав таму на промоција на тоj филмот“.

Неговото појавување предизвика интерес кај дел од присутните, имајќи предвид дека подолго време не беше активен во јавниот политички живот.

На видеото може да се слушне како една сопартијка му вели дека го нема, а тој ѝ одговора „Не бе, тука сум јас, тука сум“.
Претседателот на СДСМ Венко Филипче, на свечената седница порача дека СДСМ 35 години ја носи одговорноста за иднината на државата преку креирање клучни државни политики и одлуки. Во своето обраќање, Филипче потсети на историските почетоци на партијата и државата, како и клучната улога на СДСМ во најтешките периоди и во создавањето на независноста на државата.
Филипче: СДСМ 35 години ja носи одговорноста за иднината на државата

Рече дека вистинската државотворност се покажува во најтешките моменти, потсетувајќи на улогата на СДСМ во 2001 година и потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, па се осврна и на поновите политички и одлуки на СДСМ, потенцирајќи го членството во НАТО.

Видеото на следниот линк