Home Македонија Вооружен грабеж во обложувалница во Струга

Вооружен грабеж во обложувалница во Струга

Од МВР информираат дека надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Т.Б. (29) и О.Ц. (22), двајцата од село Велешта, струшко, поради сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“.

Според МВР, на 16 јануари 2026 година во спортска обложувалница во Струга, пријавените со закана со огнено оружје кон вработениот го одзеле дневниот промет.