Home Македонија При претрес на затвореник во Идризово најдена грутчеста материја

При претрес на затвореник во Идризово најдена грутчеста материја

Полицијата добила пријава од затворот Идризово дека кај затвореник била најдена и одземена грутчеста материја.

„На 09.05.2026 во 16:00 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово е пријавено дека во 15:30 часот бил извршен претрес врз осуденикот В.Ф.(42) од с.Студеничани, скопско, при што кај него била пронајдена и одземена грутчеста материја“, соопшти МВР.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.