Home Македонија Кој ќе биде предлогот за член на Антикорупциска

Кој ќе биде предлогот за член на Антикорупциска

Денес ќе бидат познати имињата на кандидатите за член на Државната комисија за спречување на корупцијата што како предлог ќе бидат доставени до Собранието. Собраниската комисија за прашања на изборите и именувањата треба да ги соопшти предлозите.
Од направените интервјуа, прворангирана е Катерина Зајковска, а по неа се Милка Муратовска, Тања Левајковиќ и Владимир Клековски.
Оној што ќе биде избран за член на Антикорупциската комисија ќе дојде на местото на Цвета Ристовска која си поднесе оставка од функцијата по случајот со финансирњето на партиите на претседателките извори на кои работеле фирмите на нејзините деца.