На четвртиот министерски состанок за енергетика и меѓусебни врски во Југоисточна Европа, што се одржа во Атина, министрите и претставниците одговорни за енергетика од Грција, Србија, Северна Македонија и Бугарија се согласија за проширување на Вертикалниот коридор кон Западен Балкан.
Според грчкото Министерство за животна средина и енергетика, на состанокот се разговарало за предизвиците поврзани со европската и регионалната енергетска безбедност, зајакнувањето на енергетските меѓусебни врски и соработката во регионот, како и потребата од забрзување на стратешките проекти за енергетска инфраструктура.
„Се договоривме за проширување на Вертикалниот коридор со Северна Македонија и Србија, како и за институционализација на соработката меѓу четирите земји“, изјави Ставрос Папаставру.
Тој додаде дека следниот состанок ќе се одржи во Белград во септември.
„Со заедничка визија и јасен план, енергијата станува сила за поврзување и просперитет во регионот“, рече Папаставру.
The post Македонија, Грција, Србија и Бугарија се согласија да го прошират Вертикалниот коридор за енергетска безбедност appeared first on Во Центар.

