Home Македонија Синот на Стево Пендаровски добитник на признание за најдобро дипломиран студент на...

Синот на Стево Пендаровски добитник на признание за најдобро дипломиран студент на ФЕИТ

Синот на поранешниот претседател на Македонија, Стево Пендаровски, Огнен Пендаровски, е добитник на признание за најдобро дипломиран студент на Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Информацијата беше споделена преку објава на Факултет за електротехника и информациски технологии по повод свеченостите за 77-годишнината од основањето на УКИМ и одбележувањето на 24 Мај – Денот на светите Кирил и Методиј.

„Со особена чест и задоволство, добитник на признанието од ФЕИТ е нашиот колега Огнен Пендаровски“, соопштија од факултетот, упатувајќи му честитки за успехот и желби за понатамошни професионални и лични достигнувања.

Наградите беа доделени на најдобрите дипломирани студенти за академската 2024/2025 година.