Home Македонија Отворен ден на Армијата на градскиот стадион во Штип

Отворен ден на Армијата на градскиот стадион во Штип

На градскиот стадион во Штип денеска граѓаните ќе имаат можност одблизу да се запознаат со воената опрема и возила што ги има Армијата како и со способностите на армиските единици.
Отворениот ден ќе се реализира од 10 до 14 часот, а е организиран по повод успешно реализираната вежба „Блесок 26“, во чии рамки се изврши оценување на борбената готовност (CREVAL) на Лесната пешадиска баталјонска група (ЛПБГ),
На отворениот ден ќе присуствува и претседателката Гордана Сиљановска Давкова која е и врховен командат на вооружените сили и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски.

The post Отворен ден на Армијата на градскиот стадион во Штип appeared first on Provereno.