Home Македонија ТРАГЕДИЈА ГО ЗАВИ КУМАНОВО ВО ЦРНО: Згасна животот на 13-годишниот фудбалски бисер...

ТРАГЕДИЈА ГО ЗАВИ КУМАНОВО ВО ЦРНО: Згасна животот на 13-годишниот фудбалски бисер Аган Асани

Голема трагедија ја потресе македонската јавност, откако животот го загуби 13-годишниот фудбалски талент Аган Асани од селото Черкези, Кумановско. Веста за неговата прерана смрт предизвика шок, тага и неверување кај семејството, пријателите, соиграчите и спортската јавност.

Тажната вест ја соопшти неговиот тренер од ФК Куманово, Исмет Зеќири, кој преку емотивна објава се прости од младиот фудбалер.„Со длабока тага ја примивме веста за смртта на нашиот 13-годишен играч, Аган Асани. Неговата загуба длабоко нè погоди како клуб, оставајќи огромна болка кај неговите соиграчи, тренери и целото семејство на ФК Куманово“, напиша Зеќири.Аган важеше за едно од најталентираните деца во својата генерација. Секогаш насмеан, воспитан и посветен на фудбалот, тој бил омилен меѓу другарите и тренерите, кои за него велат дека имал голема иднина пред себе.

Социјалните мрежи се преплавени со пораки на сочувство и фотографии од младиот фудбалер, а неговите блиски со солзи и неверување се простуваат од него.„Почивај во мир, ангелу. Твојата насмевка и љубовта кон фудбалот засекогаш ќе останат во нашите срца“, гласи една од многуте пораки објавени по трагедијата.

Според првичните информации, Аган го загубил животот во тешка сообраќајна несреќа на стариот пат Куманово–Скопје, на влезот во селото Черкези, откако во него удрил автомобил кој, според сведоци, се движел со голема брзина.Неговата смрт остави огромна празнина кај сите што го познаваа. Куманово денес тагува за едно младо момче чиј живот прерано згасна.

The post ТРАГЕДИЈА ГО ЗАВИ КУМАНОВО ВО ЦРНО: Згасна животот на 13-годишниот фудбалски бисер Аган Асани appeared first on Во Центар.