Вселенската компанија „Спејсeкс“, во сопственост на американскиот милијардер Илон Маск, денес дебитираше на берзата „Насдак“, откако собра 75 милијарди долари во најголемата првична јавна понуда (IPO) во историјата.
Акциите на SpaceX почнаа да се тргуваат под симболот SPCX, откако компанијата претходно постави цена од 135 долари по акција, проценувајќи ја нејзината пазарна капитализација на околу 1,77 трилиони долари, објави Ројтерс.
Интересот на инвеститорите беше исклучително голем, а побарувачката го надмина понудениот број акции за три до четири пати, според извори запознаени со процесот на продажба.
Со тоа, „Спејскс“ го надмина претходниот рекорд за големината на првичната јавна понуда, кој го држеше саудиската нафтена компанија „Сауди Арамко“.
Претседателката на компанијата, Гвин Шотвел, изјави дека IPO-то е резултат на потребата од дополнителен капитал со цел Spacex да го забрза развојот на своите деловни сегменти и да ги прошири своите активности на глобално ниво.
Аналитичарите проценуваат дека тргувањето со акции би можело да биде многу нестабилно во текот на првите неколку дена, со оглед на рекордната побарувачка и релативно ограничениот број акции достапни за инвеститорите.
„Спејскс“, основана во 2002 година, е водечка приватна вселенска компанија во светот, позната по своите ракети за повеќекратна употреба, програмата за вселенски летови и сателитската мрежа „Старлинк“, која обезбедува интернет услуги низ целиот свет.
Во последниве години, компанијата го проширува својот бизнис во областа на вештачката интелигенција и напредните комуникациски технологии.
The post Маск продолжува да ги руши сите рекорди appeared first on Во Центар.

