Home Македонија Али Ахмети најави повлекување од лидерската функција во ДУИ

Али Ахмети најави повлекување од лидерската функција во ДУИ

Лидерот на опозициската Демократска унија за интеграција, Али Ахмети, по 24 години на чело на партијата, најави дека ќе се повлече од лидерската функција. Во говорот на Изборното собрание на огранокот на ДУИ во Куманово, Ахмети истакна дека сака да им се придружи на редовите на ветераните. Не прецизираше кога точно ќе поднесе оставка, но нагласи дека нема намера засекогаш да остане претседател на партијата.

Ахмети беше реизбран за претседател на ДУИ во декември лани. Тој е единствениот претседател што партијата го имала досега, и е партиски лидер со најдолг континуиран мандат во Македонија.