Тетовската полиција привела две лица за можно физичко насилство врз тримесечно бебе. Како што информираат оттаму, случајот во полиција го пријавиле очевидци кои забележале жена како физички го малтретира бебето и го удира на асфалтот.
Жената со иницијали В.М. на 42-годишна возраст од Прилеп со привремен престој во Тетово е приведена вчера во 17:20 часот, а подоцна во 18:30 часот во селото Сараќино приведен е и Б.С. (37).
За случајот се известени социјален работник и инспектор за малолетници.
По целосно документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
The post Пријавен случај на физичко насилство врз тримесечно бебе во тетовско appeared first on Provereno.

