Home Македонија Белгија ќе испорача седум авиони Ф-16 на Украина оваа година, три за...

Белгија ќе испорача седум авиони Ф-16 на Украина оваа година, три за борбени мисии

Белгија ќе ѝ предаде седум борбени авиони Ф-16 на Украина до крајот на 2026 година, потврди министерот за одбрана Тео Франкен во Брисел пред состанокот на министрите за одбрана на НАТО.

Франкен изјави дека четири од авионите ќе се користат за резервни делови, додека три се наменети за оперативна употреба во рамките на украинските воздухопловни сили.

„Оваа година ќе помогнеме со испорака на седум авиони Ф-16. Четири за резервни делови, три за операции на украинското небо за одбрана на Украина од руска агресија“, рече тој.

Белгискиот министер додаде дека Ф-16 се покажале како добра платформа против беспилотните летала „Шахед“ и крстосувачките ракети. Тој дополнително објасни зошто овие авиони се важни во украинската воздушна одбрана.

Белгиските медиуми минатиот месец објавија дека белгиското Министерство за одбрана планира да ја заврши испораката на сите ветени авиони Ф-16 до крајот на 2029 година. Според прелиминарниот план, пет авиони треба да бидат испорачани во 2027 година, 14 во 2028 година и уште 27 во 2029 година.
The post Белгија ќе испорача седум авиони Ф-16 на Украина оваа година, три за борбени мисии appeared first on Во Центар.