Home Македонија На распит приведените од акцијата за ФФМ, се очекува одлука на судот

На распит приведените од акцијата за ФФМ, се очекува одлука на судот

Дванаесетмината приведени за финансиски малверзации во ФФМ денеска треба да бидат сослушани по што судот ќе одлучи какви мерки ќе донесе.
Со акцијата за проневера и перење пари во ФФМ, што вчера ја спроведе Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, осомничени се 18 лица, а од нив 12 се приведени. Петмина се во бегство.

За 10 осомничени, јавниот обвинител бара притвор, додека за седуммина мерки на претпазливост.
Меѓу осомничените се и двајца поранешни претседатели на ФФМ – Илчо Ѓорѓиоски и Мухамед Сејдини кој веќе е во притвор за друг судски предмет, тројца вработени во ФФМ, осум фирми и управители, сопственици и овластени лица на фирмите. Финансиските малверзации, според обвинителството, се направени во периодот 2015-2019 година.
– Постапувајќи спротивно на член 92 од Статутот на ФФМ и член 6 од Правилникот за организација на ФФМ, како и непреземајќи мерки за спречување на незаконито користење на средствата, тие предизвикале штета на Фудбалската федерација на Македонија во вкупен износ од 180.802.365 денари, информираше Обвинителството.
Вчерашната акција е спроведена по претходно поднесена кривична пријава.

The post На распит приведените од акцијата за ФФМ, се очекува одлука на судот appeared first on Provereno.