Home Македонија Следел малолетно девојче и сакал да го принуди на полови дејствија

Следел малолетно девојче и сакал да го принуди на полови дејствија

Истражна постапка е покрената против едно лице кое следело и се обидело да принуди на полови односи 16-годишни девојче од Штип.
– На 18 јуни, додека жртвата се движела по пешачката патека покрај реката Брегалница во Штип, осомничениот започнал да ја следи. Девојчето, чувствувајќи се непријатно, седнало на клупа, очекувајќи дека тој ќе продолжи да се движи. Но осомничениот седнал до неа и започнал да ја вознемирува и принудува на други полови дејствија. Оштетената исплашена го оттурнала од себе и избегала, информира денеска Обвинителството.
Поради опасност од бегство, страв дека осомничениот ќе ги сокрие или уништи трагите на кривичното дело и дека ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз оштетената или дека ќе го повтори кривичното дело, се бара притвор за осомничениот.

The post Следел малолетно девојче и сакал да го принуди на полови дејствија appeared first on Provereno.