Home Македонија Ѓорческа не успеа да ја победи Анисимова, но испиша историја!

Ѓорческа не успеа да ја победи Анисимова, но испиша историја!

Aмериканката Аманда Анисимова сепак беше пресилна за Лина Ѓорческа која во своето деби на грен-слем турнирите загуби со 2-0 во сетови.

Во мечот кој се играше на вториот терен Анисмова го покажа својот квалитет и доминираше од самиот почеток.

Ѓорческа пружи отпор во првиот сет, меѓутоа не доби ниту една прилика за брејк, а сервисот го загуби во четвртиот гем кога Анисмова поведе со 3-1. До крајот дојде до 1-0 во сетови.

Вториот сет донесе уште поголема доминација на Анисимова, која двапати го освои сервисот на нашата тенисерка и со 6-2 го приведе мечот кон крајот.

Овој настап на Ѓорческа ќе остане запаметен како историски бидејќи таа стана првата тенисерка од Македонија која настапила на еден грен-слем турнир. Пред неа, само Александар Китинов во двојки ја претставуваше Македонија, исто така на грен-слем турнирот Вимблдон.