Американскиот актер Кевин Костнер (71) бил забележан во друштво на 29-годишната манекенка Брукс Надер за време на прославата по повод отворањето на клубот „Зеро Бонд“ во Лас Вегас.
Kevin Costner and Brooks Nader Get Close While Chatting at Las Vegas Casino https://t.co/ytU2qPS3ih pic.twitter.com/0WA9UW3kGW
— TMZ (@TMZ) March 7, 2026
Двајцата биле фотографирани додека разговарале на вечера за специјални гости, на која присуствувале и други познати личности. На фотографиите се гледа Костнер, облечен во црно одело, и Надер во елегантен гламурозен фустан, како седат еден до друг и водат пријателски разговор.
По вечерата, биле забележани и во просториите на клубот, каде што играле рулет, блекџек и покер. Иако не е познато како Костнер и Надер се запознале, сè укажува дека нивната средба била пријателска, иако веднаш се појавиле шпекулации за можна романтична блискост.
Кевин Костнер претходно беше во врска со Кели Нунан Горс (46) во јануари оваа година, а пред тоа беше во брак со Кристин Баумгартнер, со која има три деца. Нивниот брак траеше од 2004 до 2023 година.
Брукс Надер претходно беше во врска со Брејди и со Глеб Савченко (42), познат од американската верзија на емисијата „Танц со ѕвездите“.
The post ФОТО | Кевин Костнер снимен во друштво на 42 години помлада манекенка: Уживале на вечера во Лас Вегас appeared first on Слободен печат.







