Home Македонија Халил ал-Хаја е нов лидер на Хамас

Халил ал-Хаја е нов лидер на Хамас

Хамас денеска го назначи Халил ал-Хаја, главен преговарач на палестинската милитантна група за време на војната меѓу Израел и Хамас, за нов шеф на своето политичко биро, јави „Ерусалим пост“.

Ал-Хаја е првото лице назначено на функцијата по смртта на Јахја Синвар во октомври 2024 година.

Поранешниот лидер на Хамас во Појасот Газа, кој со години работи во егзил, стана клучна фигура во раководството на организацијата во последните месеци по смртта на Јахја Синвар и Исмаил Ханија, кој беше убиен во Иран во јули 2024 година.

Неговото влијание во рамките на Хамас дополнително се зголеми откако во израелските напади беа убиени голем број високи функционери на Хамас, вклучувајќи го и Ханија за време на посетата на Иран и Синвар во Појасот Газа.

Ал-Хаја ја напушти Газа пред неколку години и ги координираше односите на Хамас со арапските и исламските земји од Катар. Тој го придружуваше Ханија на посетата на Техеран минатиот јули, кога беше убиен.

Ал-Хаја претходно изјави дека нападите од 7 октомври биле замислени како ограничена операција насочена кон заробување на „одреден број војници“ кои потоа ќе бидат разменети за Палестинци во израелските затвори.

Но, ционистичката воена единица е целосно распадната, рече тој во изјава објавена од Палестинскиот информативен центар, медиум поврзан со Хамас, осврнувајќи се на израелската војска.

Тој исто така тврдеше дека нападот успеал да го врати палестинското прашање во меѓународното внимание.