Home Македонија Четиригодишно девојче од Берово испило течност од капсула за перење алишта

Четиригодишно девојче од Берово испило течност од капсула за перење алишта

Четиригодишно девојче испило дел од капсула за перење алишта и било однесено во Итната помош во Берово.

„На 01.08.2026 во 20:30 часот во ОВР Берово, од Итната медицинска помош Берово било пријавено дека кај нив било донесено четиригодишно девојче од Берово, кое во семејниот дом испило дел од капсула за перење алишта“, соопшти полицијата.

За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Берово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.