Home Македонија Нема нови лабораториски потврдени случаи на западнонилска треска

Нема нови лабораториски потврдени случаи на западнонилска треска

До Институтот за јавно здравје во текот на вчерашниот ден не се пријавени нови лабораториски потврдени случаи на западнонилската треска, соопшти денеска Министерството за здравство.
Министерството за здравство, во координација со Институтот за јавно здравје и другите надлежни установи, продолжува внимателно да ја следи состојбата и навремено ќе ја информира јавноста за сите нови сознанија, се додава во соопштението.
Во земјава официјално се регистрирани 13 заболени од западнонилска терска, од кои тројца се во критична состојба.
Најголем дел од пациентите се заразени од домашни комарци, односно не патувале надвор од државата.
The post Нема нови лабораториски потврдени случаи на западнонилска треска appeared first on Provereno.