Home Македонија Цел Кризен штаб во Гостивар пиеше вода од чаша

Цел Кризен штаб во Гостивар пиеше вода од чаша

По примерот на скопскиот градоначалник кој пред медиумите испи чаша вода од чешма за да ги демантира информациите што беа објавени по социјалните мрежи, денеска и целиот Кризен штаб во Гостивар откако објави дека водата е дозволена за пиење, се напи чаша вода.
Директорот на АХВ Оливер Миланов на прес-конференција во Гостивар соопшти дека водата е микробиолошки и бактериолошки исправна за пиење.                                            Одлуката е донесена откако во три последователни примероци не се најдени бактерии.                                                           На гостиварци им се препорачува да ја истечат убаво водата пред да ја кинзумираат.     Тие речиси еден месец се без вода за пиење откако на 17 јули беше утврдено дека во водата има фекални бактерии. Затруени беа околу 5.000 граѓани, а Обвинителството покрена истрага против директорката на Комуналец Гостивар и уште две лица.
The post Цел Кризен штаб во Гостивар пиеше вода од чаша appeared first on Provereno.