Home Македонија Израелската армија тврди дека елиминирала припадник на вооруженото крило на Хамас

Израелската армија тврди дека елиминирала припадник на вооруженото крило на Хамас

Израелската армија соопшти дека во воздушните напади врз Појасот Газа убиен е припадник на вооруженото крило на Хамас, во централниот град Деир ал Балах.

Како што тврди израелската армија, убиениот подготвувал напади врз израелските војници и врз цивилите.

Болницата Ал Акса во Деир ал Балах соопшти дека при израелските напади загинале едно дете и еден маж.

Локалните жители потврдија дека еден од загинатите бил припадник на Хамас.

Израелската армија соопшти и дека во вчерашните напади убиени се пет осомничени припадници на вооруженото крило на Хамас.

Хамас сè уште не ги коментирал тврдењата на израелската армија.