Home Македонија МВР потврди: Акција за осомничени за финансиски криминал со регистрација на возила,...

МВР потврди: Акција за осомничени за финансиски криминал со регистрација на возила, меѓу осомничените и вработен во ЈПДП

Министерството за внатрешни работи ја потврди информацијата дека доцна синоќа во Скопје припадници на Одделот за субивање на организоран и сериозен криминал при БЈБ – МВР спровеле акција и уапсиле лица и извршиле претреси на повеќе локации во рамки на истрага за сериозен финансиски криминал.

Според информациите до кои доаѓаме, станува збор за случај во кој се сомничи дека преку лажирање на извештаи и уплатници при наплата на надоместоци за регистрација на возила биле прикривани и пренасочувани средства.

Меѓу осомничените има и вработени во државни институции и претпријатија, од кои едно лице е вработено во Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), а според информациите штетата се проценувала на над 13милиони денари, нешто повеќе од 2 милиони евра.