Home Свет Нестле инвестира 330 милиони евра: Гради нова фабрика и создава 100 работни...

Нестле инвестира 330 милиони евра: Гради нова фабрика и создава 100 работни места

Швајцарската компанија „Нестле“ денес објави дека до 2028 година ќе инвестира вкупно 310 милиони швајцарски франци (околу 330 милиони евра) во својот бизнис за исхрана и здравје во Бразил, вклучувајќи ја и изградбата на нова фабрика за храна за бебиња.

Компанијата ќе издвои околу 94 милиони франци за новата фабрика во градот Итуиутаба, а почетокот на производството е планиран за вториот квартал од 2028 година, пренесува Swiss info.

Фабриката ќе ги снабдува бразилските и извозните пазари, а се очекува отворање на околу 100 нови работни места.

„Нестле“ дополнително ќе инвестира во постојната фабрика во градот Арасатуба, каде што произведува храна за бебиња, медицинска храна и храна за возрасни.

Инвестицијата е дел од стратегијата на компанијата за зајакнување на сегментот за исхрана и здравје, кој сочинува околу 20 проценти од вкупниот промет на „Нестле“.

Компанијата претходно во јули објави дека ќе инвестира 520 милиони франци (562 милиони евра) во изградба на фабрика и логистички центар за храна за домашни миленици во италијанскиот град Мантуа.
The post Нестле инвестира 330 милиони евра: Гради нова фабрика и создава 100 работни места appeared first on Во Центар.