Home Свет СДСМ: Марта Кос ја откажа посетата на Србија поради величењето на Младиќ...

СДСМ: Марта Кос ја откажа посетата на Србија поради величењето на Младиќ – истата политика на Мицкоски и Стоилковиќ

„Европската комесарка за проширување Марта Кос денеска ја откажа планираната посета на Србија поради величењето на осудениот воен злосторник Ратко Младиќ. Пораката од Европската Унија и од Кос е повеќе од јасна“, велат од СДСМ.
„Величењето што ја придружува неговата смрт е неспоиво со вредностите врз кои се гради патот кон ЕУ. Тој пат бара соочување со минатото, вистинско помирување и почитување на жртвите на воените злосторства“, напиша Марта Кос на Икс.
„Тоа што денеска го кажува Европската Унија е токму она за што СДСМ рeагираше и се случи во Македонија. Величењето на воен злосторник е неспоиво со европските вредности.
Но, Христијан Мицкоски ги заштити Иван Стоилковиќ и Далибор Китановиќ по нивните ставови и величењето на Младиќ. Нема оставки. Нема разрешувања. Нема одговорност.
Мицкоски свесно одлучи да ги заштити. Сега уште појасно се гледа каде ја води Македонија оваа политика на Мицкоски по рецептот на Вучиќ. Намерна изолација, далеку од ЕУ, антиевропска кампања и одработување за руската агенда“, соопшти СДСМ.
The post СДСМ: Марта Кос ја откажа посетата на Србија поради величењето на Младиќ – истата политика на Мицкоски и Стоилковиќ appeared first on Во Центар.