Home Македонија Пронајден починат маж во автомобил на паркингот пред кумановската болница

Пронајден починат маж во автомобил на паркингот пред кумановската болница

Вчера во 19:46 часот во СВР Куманово, од Општа болница Куманово било пријавено дека на паркинг просторот во Општа болница Куманово, во патничко возило со кумановски регистарски ознаки бил пронајден починат Б.В. (57) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, увид извршила екипа од СВР Куманово, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.