Наместо единство, наместо повикување на заедништво и прослава на државноста, повторно се активираше кампањата „Талог“ на премиерот Мицкоски за време на говорот за независноста, критикува Социјалдемократскиот сојуз.
Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Андреј Жерновски, на прес-конференција рече дека Мицкоски најпрво повикал граѓаните да не се делат, а потоа продолжил со поделби.
„Пораката е сосема јасна. Операцијата „Талог“, која всушност се служи за поделба и сеење меѓу граѓаните, сеење на омраза и која Мицкоски ја спроведува со фактички од првиот ден од својот мандат, е опасна по својата природа и по својата основа и таа функционира по рецептот на Ванчо Михајлов и најмрачните периоди од македонската историја“, рече тој.
Според него, причината за ваквата реторика е тоа што Владата нема резултати во економијата, здравството, земјоделството, образованието, социјалната политика и евроинтеграциите.
Жерновски посочи дека потрошувачката кошничка со кирија достигнала 90.000 денари, додека минималната плата изнесува 26.000 денари и оцени дека животниот стандард на граѓаните опаѓа. Тој исто така обвини дека политиката на Мицкоски ја задолжила државата за четири милијарди евра за две години.
Од СДСМ тврдат и дека власта врши притисок врз оние што размислуваат поинаку, посочувајќи ги случувањата во Собранието околу темата за мигрантите, инцидентот во Ново Село и повикувањето советник на СДСМ на разговор во полициска станица поради објава на Фејсбук.
Жерновски ја обвини власта и дека го попречува европскиот пат на земјата и оцени дека политиката на Мицкоски наликува на онаа на српскиот претседател Александар Вучиќ.
„СДСМ упорно и докрај ќе продолжи да се спротивставува на политиката на поделби, ќе продолжи да го брани правото на слободно размислување и правото на говор“, порача Жерновски.
The post (Видео) Жерновски: Мицкоски нема резултати, му остана само кампањата „Талог“ за поделби и навреди appeared first on Во Центар.
Home Македонија (Видео) Жерновски: Мицкоски нема резултати, му остана само кампањата „Талог“ за поделби...

