Home Македонија До крајот на новата работна седмица ќе се задржи посвежо и претежно...

До крајот на новата работна седмица ќе се задржи посвежо и претежно сончево време

Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 23 до 30 степени.
Во Скопје, претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 28 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на новата работна седмица ќе се задржи посвежо и претежно сончево време со мала до умерена облачност во текот на денот. Во вторник наместа во северните делови ќе има услови за повремен дожд. До среда ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, а потоа ветерот ќе го смени правецот во југоисточен.
The post До крајот на новата работна седмица ќе се задржи посвежо и претежно сончево време appeared first on Во Центар.