Home Свет Четири милиони денари финансиска поддршка за спортските клубови во Општина Бутел

Четири милиони денари финансиска поддршка за спортските клубови во Општина Бутел

Општина Бутел денеска додели финансиски средства во износ од 4 милиони денари, за поддршка на спортските клубови од општината.
„Општина Бутел е најспортската општина во Македонија. Локалната самоуправа промовира политики за поддршка на спортот и постојано вложува во развој на сите спортови“, изјави градоначалникот Дарко Костовски.
Тој изрази надеж дека финансиската поддршка ќе поттикне напредок во сите спортови и дека спортистите ќе освојуваат европски и олимписки медали.
The post Четири милиони денари финансиска поддршка за спортските клубови во Општина Бутел appeared first on Во Центар.