Home Македонија Германска државјанка пронајдена почината во хотел во Охрид

Германска државјанка пронајдена почината во хотел во Охрид

МВР информира дека доцна синоќа во 23.40 часот во СВР Охрид било пријавено дека во хотел на кеј „Македонија“ во Охрид, била пронајдена почината Б.Х.К.(70) од Германија.

Лекар од итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција.