Претседателот на Франција, Емануел Макрон денеска почна турнеја по земјите од Персиски Залив за да обезбеди резерви на гориво и да ги намали цените на бензинските пумпи.
Макрон прво ќе го посети Кувајт, каде е предвидена средба со емирот Машал ал Ахмад ал Сабах.
Од Кувајт, Макрон ќе отпатува за Обединети Арапски Емирати, Бахреин и Катар.
Макрон замина во странство и покрај кризата во Франција со насилните демонстрации и одговорот на полицијата. Тој патувањето го оправда со потребата да обезбеди резерви на гориво.
Макрон во Кувајт ќе разговора за снабдувањето со керозин и дизел за француските прекуокеански територии како што се Реунион и Мајот.
Државите од Заливот се многу заинтересирани за снабдување на светот, вклучително и на францускиот пазар, но за нив е тешко да преземат цврсти обврски сè додека регионот не се стабилизира, изјави експертот за енергетика во Францускиот институт за меѓународни и стратешки односи (IRIS), Франсис Перен, кој не очекува патувањето да има какво било влијание врз цените.

