Home Македонија „Ти си ми златна и бисерна, малечка моја Татковино“ – 111 години...

„Ти си ми златна и бисерна, малечка моја Татковино“ – 111 години од раѓањето на македонскиот револуционер и поет Антон Попов

На денешен ден, 20 октомври, во 1915 година е роден Антон Николов Попов, македонски писател, комунист, учесник во илегалниот отпор против фашистичкиот режим во Бугарија. Бил еден од основачите на Македонскиот литературен кружок.

Попов е правнук на Поп Стојан од Разловци, еден од водачите на Разловечкото востание во Пијанечко-малешевскиот крај. Поп Стојан бил соборец на дедо Иљо Малешевски и учесник во Кресненското востание, бил убиен од Турците. Истата судбина го снашла и дедо му Костадин Попстојанов, војвода на чета во Горноџумајското востание, заедно со неговите двајца браќа. Татко му, учителот Никола Попов, зема активно учество во револуционерните борби, и во 1922 г. бил обесен од четниците на ВМРО.

Антон Попов умира во Софија во 1942 година кога е убиен од страна на бугарските фашистички власти.

Во продолжение „Љубов“ од Антон Попов.

ЉУБОВ

Ти си ми тивка и нежна

Ти си ми малечко моме.

Зошто си в црно забрадена,

Зашто ли очите модри

в бисери ти се искапени?

Ти си ми тивка и маѓесна,

Ти си ми тажна царица,

Ти си ми златна и бисерна,

Ти си мојата љубов

Малечка моја татковино,

Пролет што не си видела

Ниту пак сонце и радост.

Ти си ми пролет разбудена

Со нежни цвеќа, со галаби,

Птица си бела, осудена

Простори да прелетува.