Home Хроника Насилник со „БМВ“ влечел дете по улица во Чаир

Насилник со „БМВ“ влечел дете по улица во Чаир

Жена од Скопје вчера пријавила во полиција дека непознат насилник со „БМВ“ го запрел нејзиниот малолетен син на улица во Чаир и го влечел по коловозот, соопшти МВР.

„На 04.05.2025 во 22:15 часот во СВР Скопје, Џ.С.(33) од Скопје пријавила дека околу 16:20 часот на раскрсница на подрачјето на Чаир, нејзиниот малолетен син бил сопрен од едно машко лице кое управувало патничко возило „бмв“, кое го фатило за рака и го влечело по коловозот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, пишува во полицискиот билтен.