Home Македонија (Видео) Се урна кран во Белград, еден загинат и тројца повредени

(Видео) Се урна кран во Белград, еден загинат и тројца повредени

Кран се урна на градилиште во Белград, при што еден човек загина, а тројца се повредени, објави „Н1“.

Според неофицијалните информации на кои се повикуваат спрските медиуми, кранот бил натоварен со метална конструкција тешка 350 тони.

„Н1“ известува дека итната помош се повлекува од местото. Медиумот неофицијално соопштува дека на терен излегла и градежната инспекција.

– На градилиштето се одвиваат минимални активности – вели новинарот на „Н1“.

Засега нема податоци што точно се случило.