Лице во мантија со крст во рацете, идентификувано од бугарските медиуми како иподјакон Атанас Стефанов од БПЦ, предизвикало инцидент пред службеното возило на министерката за надворешни работи на Бугарија, Надежда Нејнски.
На видеото објавено на социјалните мрежи се гледа свештеникот како стои пред возилото и го спречува неговото движење.
Според бугарските медиуми, Стефанов ги упатувал навредливи и погрди зборови кон министерката, барајќи одговори за користењето на авионот и за наводното вклучување на државата во дејства поврзани со воена заштита.


