Home Македонија „Бог не бара повремена побожност, туку живот во вистината“ – силна велигденска...

„Бог не бара повремена побожност, туку живот во вистината“ – силна велигденска порака од сестра Ефимија

Во пресрет на најголемиот христијански празник, монахињата сестра Ефимија од манастирот „Рајчица“ испрати длабока духовна порака, потенцирајќи дека верата не треба да биде формалност, туку начин на живот.Во празничното интервју, таа нагласува дека суштината на христијанството не се сведува на повремени религиозни гестови, туку на постојано живеење во вистината, љубовта и пожртвуваноста.„Љубовта е подвиг – доброволна жртва и распетие. Потребно е да го замолчиме нашето себично ‘јас’ и да му отстапиме простор на Бога и на ближните“, порачува таа, додавајќи дека само така Воскресението може да стане жива реалност во срцата на луѓето.

Велики Петок – ден на тишина и преиспитувањеСестра Ефимија истакнува дека Велики Петок не е само ден на тага, туку и момент на најдлабоко соочување со сопствената совест. Според неа, токму страдањето на Христос ја открива вистинската сила на љубовта – љубов која ги надминува насилството и земните вредности.Таа поставува и суштинско прашање до општеството: дали навистина живееме со вистинска вера или сме заробени во суеверија и формализам.

Порака до верниците: верата не е спектаклВо интервјуто се потенцира дека празниците не треба да се претворат во надворешен спектакл и телесно уживање, туку да се доживеат во духот на христијанската скромност и љубов.„Крстот нè прашува каде сме ние во таа жртва – не дали веруваме декларативно, туку како живееме“, порачува сестра Ефимија.

Пораката од Рајчица е јасна – верата не се докажува со зборови или обичаи, туку со дела, љубов и континуиран духовен живот.

The post „Бог не бара повремена побожност, туку живот во вистината“ – силна велигденска порака од сестра Ефимија appeared first on Во Центар.