Во текот на вчерашниот ден, во СВР Скопје е пријавено дека во продажен објект на приватна фирма на подрачјето на Бит Пазар е пронајден починат А.С.(65) од Скопје, соопшти МВР.
Полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар излегле на местото и во разговор со нив вработениот Б.С.(28) од Скопје изјавил дека А.С. дошол во објектот да ги посети.
Според пријавеното, откако вработениот се качил службено на петтиот кат од објектот го известил А.С. дека лифтот не работи, а симнувајќи се надолу слушнал дека се вклучил алармот од лифтот затоа што вратите од лифтот на сите катови биле отворени.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција.


