Без своите деца и внуци, ќе помине и овој Велигден за многумина штипјани, семејствата иселени во странство, поворасните оставени сами да го чекаат празникот. Со грутка во грло и камен на срце, велат тешко помина секој ден без нив. Немаат со кого да ја кренат чашата и да наздрават, камо ли да скршат ред муабет или смеа. Загрижени се за иднината, бидејќи годините како што велат, го прават своето.
Повозрасните анкетирани се децидни, дека поранешното Југословенско време било подобро, имале можност дасе вработат, да заработат и финансиски да бидат стабилни, сега велат нема никаква сметка.
Во согласност со ситуацијата, и оваа година поголем дел млади ќе заминат на сезонска работа само во Хрватска и Германија. Има и такви кои што ќе студираат на страна, па тоа го гледат како опција за да се снајдат. Важно е дека поголем дел граѓани остануваат сами за празникот.


