Министерот за здравство, Азир Алиу од владејачката коалиција Вреди, во интервју за 360 степени откри дека вицепремиерот за политики за добро владеење и транспарентност, Арбен Фетаи, не одел на работа, ниту пак присуствувал на седници на Владата.
Вели дека тоа не било поради здравствени причини и дека тој “не бил тука“.
Иако со Фетаи заедно се одвоија од крилото на Алијанса за Албанците на Арбен Таравари, тој не кажа зошто не доаѓа на работа, а кажа и дека вицепремиерот не се согласувал со политиките на Вреди и Владата, што е познато, но не потврди дали токму Фетаи ќе биде еден од кадрите кои ќе бидат сменети во рамки на најавената владина реконструкција, за што се шпекулира подолго време.

