Home Скопје Голем пробив на подземната инфраструктура од страна на Град Скопје

Голем пробив на подземната инфраструктура од страна на Град Скопје

Град Скопје заврши со реализација на првата фаза на големиот проект за изградба на подземната инфраструктура на новиот булевар Хрватска, капитален инфраструктурен проект кој опфаќа и нова водоводна мрежа како дел од програмата за работа на градот. Реализацијата на овој дел од водоводната мрежа е предуслов за подобрување на водоснабдувањето на целата територија на општина Гази Баба.

Изградбата на водоводната мрежа која се движи на трасата по новопроектираниот булевар Хрватска, заради формирање на прстенеста циркулациона мрежа и создавање на подобри хидраулички услови во градската водоводна мрежа ги поврза двата магистрални доводи на вода Рашче со профил од Ф1600 и постоечкиот цевковод со профил од Ф700 на булевар Александар Mакедонски.

Со реализација на оваа фаза од предвидениот магистрален цевковод со профил од Ф700 милиметри, по трасата на булевар Хрватска, завршени се градежните активности на поврзување на булевар Александар Македонски кај Естекада. Вкупната предвидена должина на магистралниот цевковод по булеварот Хрватска изнесува 2,8 километри.