Home Македонија Градоначалникот на Струга заработи кривична пријава

Градоначалникот на Струга заработи кривична пријава

Новиот градоначалник на Струга Менди Ќура заработи кривична пријава за „несовесно работење во службата“. Донел одлука за именување на вршител на должноста директор на јавно претрпијатие иако лицето немало соодветно образование и сертификат за познавање на англиски јазик.
– Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против градоначалникот на општина Струга М.Ќ.(65) од с.Биџево, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. На 18.11.2025, во својство на градоначалник на општина Струга, спротивно од Законот за јавни претпријатија, донел одлука за именување на вршител на должност директор на ЈП „Водовод и канализација“ – Струга, со која го назначил М.Ј. од Струга и покрај тоа што знаел дека нема соодветно образование и соодветен сертификат за познавање на англиски јазик и не исполнува повеќе услови од Законот јавни претпријатија. Со тоа му овозможил противправно да оствари парична корист по основ на плата и придонеси како директор на ЈП „Водовод и канализација“-Струга, информира МВР.