Грејс Лили, ѕвездата на серијата „Јужно гостопримство“ повторно уапсена за поседување дрога

Ѕвездата од серијата „Јужно гостопримство“, Грејс Лили, била уапсена на 10 март во Јужна Каролина поради обвинение за поседување дрога, само неколку месеци по претходното апсење, објави „ТМЗ“.

Според записите од затворот во округот Чарлстон, 27-годишната Лили е обвинета за поседување „контролирана супстанца“. Таа била задржана неколку часа, а првичната кауција изнесувала 10.575 долари. Подоцна била ослободена со лична гаранција, што значи дека судијата дозволил ослободување без целосно плаќање на кауцијата, врз основа на ветување дека ќе се појави на суд.

Претходно, Лили беше уапсена на 29 декември 2025 година во Чарлстон, кога полицијата во нејзиниот автомобил пронашла така наречени „таблети за расположение“.

Грејс Лили – Фото: Прнитскрин/ Јутјуб

Овој пат, глумицата била уапсена во понеделник околу 1:40 наутро по локално време и ослободена истиот ден попладне. Според полицијата, постоел налог за апсење поради обвинение за нарушување на јавниот ред од втор степен. Таа била задржана на бензинска станица поради наводно незаконско менување на сообраќајната лента.

При ставање лисици на рацете, Лили наводно ја побарала својата чанта. Во чантата бил пронајден мал сад со ознака „среќен момент“, кој содржел 12 бели таблети со буква „P“ на едната страна и половина сина долга таблета без никакви ознаки.

Според полицијата, Лили тврдела дека сината таблета е Xanax, додека белите таблети биле контрацептиви. Таа навела дека има рецепт за Xanax, но во моментот на апсењето немала докази. Исто така, не знаела ниту која марка се контрацептивните таблети.

The post Грејс Лили, ѕвездата на серијата „Јужно гостопримство“ повторно уапсена за поседување дрога appeared first on Слободен печат.