Со оваа пријава укажувам на сериозно основано сомнение за постоење на организирана и повторувачка шема за извлекување на јавни средства преку манипулирање со јавни набавки за услуги за обезбедување во ЕСМ Дистрибуција, под раководство на директорот Бобан Максимовски.
Наведените околности упатуваат на систематска злоупотреба на службената положба со цел пренасочување на средства од државниот буџет кон однапред одредени приватни субјекти.
Особено загрижува фактот што истото лице веќе применило идентичен модел во ЕСМ Производство (производство на топлинска енергија), каде што спровело тендер во вредност од 12.000.000 денари без ДДВ за обезбедување на два објекта, од кои едниот се наоѓа во истиот круг со управната зграда на ЕСМ Дистрибуција. Овој факт укажува на намерно дуплирање на трошоци за објекти кои физички се наоѓаат во ист простор и се веќе покриени со обезбедување, што ја прави ваквата набавка целосно неоправдана и економски нелогична.
Во конкретниот случај во ЕСМ Дистрибуција, веќе постои обезбедување согласно систематизацијата, односно ангажирани се вработени кои ги извршуваат овие работни задачи. Дополнително, имајќи предвид дека објектите се наоѓаат во ист двор, може недвосмислено да се заклучи дека просторот е веќе целосно покриен со кадар за обезбедување.
И покрај тоа, се спроведува нова јавна набавка со која се предвидува ангажирање на дури 16 надворешни лица, што претставува енормно и неоправдано зголемување од над 500%. Ова не може да се оправда ниту со безбедносни, ниту со оперативни причини, туку јасно укажува на вештачко „пумпање“ на вредноста на тендерот до однапред утврден износ од 12.000.000 денари.
Со ова дејствување директно се создава двоен трошок за иста услуга, со што се нанесува штета на државниот буџет и се злоупотребуваат средствата на граѓаните. Наместо рационално користење на постојниот кадар, се фаворизира ангажирање на приватни агенции без реална потреба.
Понатаму, постои основано сомнение дека тендерската документација е свесно креирана и прилагодена за да одговара на однапред определена фирма, што претставува класичен пример на местење на јавна набавка и грубо кршење на принципите на транспарентност, конкуренција и економичност.
Дополнително, се укажува и на сериозни сомнежи во однос на личниот интегритет на директорот, односно постојат наводи дека располага со лажна диплома за високо образование и лажен сертификат за познавање на англиски јазик, што отвора дополнителни сомнежи за неговата подобност за вршење на функцијата.
ЈАВЕН АПЕЛ И СТАВ НА ВРАБОТЕНИТЕ
НИЕ, ВРАБОТЕНИТЕ ВО ЕСМ ДИСТРИБУЦИЈА НА ТОПЛИНА, НЕМА ВЕЌЕ ДА МОЛЧИМЕ НА ВАКВО ИЖИВУВАЊЕ ВО ФИРМАТА И НА ВАКВИ ЗЛОУПОТРЕБИ. ОВАА ФИРМА Е ГРАДЕНА ПОВЕЌЕ ОД 30 ГОДИНИ, А ВО НЕА РАБОТЕЛЕ И НАШИТЕ РОДИТЕЛИ. НЕ ДОЗВОЛУВАМЕ СО ТАКВО НЕОДГОВОРНО И НЕЗАКОНСКО РАКОВОДЕЊЕ ДА СЕ УНИШТУВА СИСТЕМОТ ШТО ГО ГРАДЕЛЕ ГЕНЕРАЦИИ ВРАБОТЕНИ.
Имајќи го предвид сето наведено, постои сериозен сомнеж за:
- злоупотреба на службена положба и овластување,
- организирано коруптивно дејствување,
- незаконско влијание врз постапки за јавни набавки,
- и свесно нанесување штета на државниот буџет.
Од тие причини, се бара итно и неодложно постапување од надлежните институции, и тоа:
- целосна истрага за поврзаноста на директорот со потенцијално фаворизираните економски оператори,
- ревизија и поништување на спорната постапка за јавна набавка,
- утврдување на кривична одговорност, доколку се потврдат наводите,
- како и преземање мерки за спречување на понатамошна штета по јавните средства.
Со оглед на повторувањето на истата шема со идентична вредност од 12.000.000 денари во различни институции под раководство на истото лице, основано се сомневаме дека станува збор за воспоставен механизам за системско извлекување на јавни пари, што бара итна и решителна реакција од државните органи.
АПЕЛИРАМЕ ДО СИТЕ НАДЛЕЖНИ ИНСТИТУЦИИ ВЕДНАШ ДА ПОСТАПАТ ПО ОВАА ПРИЈАВА, ДА СПРОВЕДАТ ЦЕЛОСНА ИСТРАГА И ДА ПРЕЗЕМАТ СООДВЕТНИ МЕРКИ СО ЦЕЛ ЗАШТИТА НА ЈАВНИОТ ИНТЕРЕС И СПРЕЧУВАЊЕ НА ПОНАТАМОШНА ШТЕТА ВРЗ ДРЖАВНИОТ БУЏЕТ.







