Долф Лундгрен (68) стана познат по своите улоги во филмови како „Роки“, „Црвена скорпија“ и „Казнив“. Некогаш важеше за еден од најголемите заводници, а денес привлекува внимание каде и да се појави.
Неодамна, актерот беше фотографиран пред ресторан во Беверли Хилс во друштво на неговата сопруга, Ема Крокдал (30), која е дури 38 години помлада од него.
Љубов и покрај критиките
Иако се во брак од 2023 година, нивната врска често е мета на коментари поради разликата во годините. На социјалните мрежи, некои ги критикуваат, тврдејќи дека личат на дедо и внук.
Сепак, двојката не обрнува внимание на ваквите коментари. За нив, како што истакнуваат, најважно е што се среќни заедно.
Животот на Долф Лундгрен не бил секогаш гламурозен. Откако му бил дијагностициран рак, тој се соочил со најлошото сценарио – прогнозата дека му остануваат само неколку месеци живот.
Тој оперирал тумор на бубрезите и со години одел на редовни прегледи. Иако некое време се чинеше дека болеста е под контрола, во 2020 година беше откриено дека има тумори на белите дробови, по што започна нов третман.
„Да бев избрал други терапии, ќе ми останеа уште три или четири месеци живот“, изјави тој, нагласувајќи колку правилната терапија му ја променила судбината.
Денес, болеста е во ремисија и тој верува дека со терапија ќе држи сè под контрола.
Љубовен живот и бракови
Актерот беше во брак три пати. Првиот брак со Пери Мам траеше кратко, само една година. Потоа беше долго време во брак со Анет Квеберг, со која има две ќерки.
Тој ја запознал својата сегашна сопруга, Ема Крокдал, во 2019 година во теретана. Интересно е што таа во тоа време не знаела дека тој е познат актер.
Тие се свршија во 2020 година, но пандемијата ја одложи нивната свадба, па го кажаа судбоносното „да“ дури три години подоцна.
По сè низ што поминал, Долф Лундгрен денес живее поинаку – тој повеќе ги цени малите нешта и се обидува да го искористи секој ден на најдобар можен начин.
The post „Дедо и внука во брак“: Актерот кој ги заведуваше сите жени со еден поглед сега се бакнува со жена 38 години помлада appeared first on Во Центар.








