Ели Голдинг доби дете со 11 години помладото момче

Пејачката Ели Голдинг го роди своето второ дете, девојче, кое го доби со нејзиниот партнер, актеротот Бо Миниер, пренесува „Метро“.

Триесет и деветгодишната пејачка, позната по хитови како „Burn“, „Love Me Like You Do“ и „River“, кон крајот на минатата година објави дека е бремена. Веста за раѓањето на ќерката ја сподели на Инстаграм, каде што воедно му се заблагодари и на медицинскиот персонал. Во објавата откри дека ќерката ја родила на 6 март.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

„Во петокот родив прекрасно и здраво девојче. Целосно сме воодушевени од неа“, напиша таа во емотивната порака. „Многу симболично е што Меѓународниот ден на жената го поминав со неа и со неверојатниот женски тим во болницата Света Марија, кои на мене и на моето бебе ни пружија извонредна грижа и беа исклучително љубезни.

Овој нов член на семејството ме исполнува со огромна радост, особено затоа што Артур е пресреќен што ќе стане постар брат на ова мало ангелче“, напиша пејачката. Таа сподели и фотографија од чоколадна торта со натпис: „Добре дојде, сестричке.“

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Добитничката на номинација за наградата Греми веќе има син, Артур, од бракот со поранешниот сопруг Каспар Џоплинг. Поранешниот пар се венчаше во август 2019 година, а синот го добија речиси две години подоцна.

Ели во февруари 2024 година објави дека се разведуваат, објаснувајќи дека таа и триесет и четиригодишниот трговец со уметнички дела биле разделени „веќе извесно време“ пред јавната објава.

Минатото лето започна врска со Бо Миниер, кој глумеше заедно со Џејсон Статам во филмот „Пчеларот“. Се претпоставува дека се запознале преку заеднички пријатели. Иако не е точно познато кога започнала нивната врска, таа официјално беше потврдена во јули 2025 година, кога актерот објави нејзина фотографија на Инстаграм.

Пејачката за првпат го покажа трудничкиот стомак на доделувањето на модните награди во декември минатата година, а покрај фотографијата на Инстаграм се пошегува:

„Вештачката интелигенција овие денови е луда.“

 

The post Ели Голдинг доби дете со 11 години помладото момче appeared first on Слободен печат.