Изреката „каква мајка, таква ќерка“ никогаш не била поточна, судејќи според реакциите на социјалните мрежи откако Шајло Џоли се појави во нејзиниот прв музички спот.
Младата убавица ја изненади публиката со неверојатната сличност со нејзината позната мајка, а видеата го преплавија интернетот за кратко време.
Деветнаесетгодишната Шајло се појавува во новиот музички спот на К-поп пејачот Дајонг за песната „What’s a Girl to Do“, чие објавување е закажано за 7 април.
Во тизерот што веќе почна да циркулира на мрежите, Шајло се појавува во краток кадар – но тоа беше доволно за да предизвика лавина од коментари.
„Иста мајка и“, реакциите не престануваат
Обожавателите веднаш забележаа колку многу личи на Анџелина, па коментарите брзо почнаа да се слеваат: „Погледнете ја Шајло, неверојатно е да ја видите како ги следи стапките на нејзината мајка“, напиша еден корисник.
Angelina Jolie’s daughter, Shiloh, to feature in Dayoung’s new MV and make her acting debuthttps://t.co/Nguon3HGGt pic.twitter.com/zPEn5slu0p— pannchoa (@pannchoa) April 3, 2026
„Таа буквално изгледа идентично како нејзината мајка“, додаде друг.
Многумина се согласија за едно нешто – генетиката одигра голема улога во овој случај.
Глума или танцување – кој е нејзиниот вистински пат?
Засега, не е сосема јасно дали Шајло ќе има глумечка улога во видеото или ќе се појави како дел од танцовата постава. Сепак, едно е сигурно – таа е добра во танцувањето.
Со текот на годините, таа изгради сериозна репутација како талентирана танчерка, а во 2025 година потпиша договор како кореограф под сценското име Ши Џоли.
Нов идентитет и независен пат
Интересно е што во 2024 година, Шајло одлучи да се откаже од презимето на својот татко, Бред Пит, и да ја продолжи кариерата под име кое е поблиску до нејзиниот личен идентитет.
Со тоа, таа јасно стави до знаење дека сака да го изгради својот пат, без да се потпира на семејната слава.
Ова не е прв пат обожавателите да коментираат колку Шајло наликува на својата мајка. Минатата година, таа предизвика внимание кога се појави со фризура што потсетуваше на ликот на Анџела од филмот „Лара Крофт: Томб Рајдер“.
Две плетенки и став – доволно за да потсетат на една од најпознатите улоги на нејзината мајка.
Иако потекнува од едно од најпознатите семејства во Холивуд, Шајло очигледно сака да успее со својот талент.
Судејќи според реакциите на публиката, нејзиното деби е само почеток – и многу е можно да го гледаме раѓањето на нова ѕвезда.
The post Копија на мајка и, светот добива нова Анџелина Џоли: Шајло се појави во видеото, а нејзината убавина ги воодушеви сите appeared first on Во Центар.








