Home Македонија Малолетник од Шуто Оризари со остар предмет повредил врсник и сам се...

Малолетник од Шуто Оризари со остар предмет повредил врсник и сам се пријавил во полиција

Малолетник ноќеска сам се пријавил в полиција, откако со остар предмет повредил свој врсник во Шуто Оризари, соопшти Министерството за внатрешни работи.

„На 12.04.2026 во 01:20 часот во Полициска станица Шуто Оризари, сам се пријави малолетник од Шуто Оризари, кој на 11.04.2026 околу 22:20 часот пред игротека во Шуто Оризари, Скопско, со употреба на остар предмет му нанел повреди на друг малолетник од Шуто Оризари“ соопшти МВР.