Home Македонија Миле Цеков ја напушта ЗНАМ, ќе делува како независен пратеник

Миле Цеков ја напушта ЗНАМ, ќе делува како независен пратеник

Пратеникот Миле Цеков од Движењето ЗНАМ ја напушти партијата и ќе делува како независен пратеник.
– Пред две години станав пратеник за да се обидам да ги променам работите, да побарам одговорност за криминалот и корупцијата и да се борам за промена на системот, како и да покажам дека има место во политиката за чесни и работливи луѓе. Но, за жал тие промени не се случуваат, вели Цеков.
Посочува дека се одлучил на ваква одлука затоа што не прифаќа да живее во држава со корупција и криминал, селективна правда и нефункционални институции.

The post Миле Цеков ја напушта ЗНАМ, ќе делува како независен пратеник appeared first on Provereno.