Сообраќајна несреќа се случила на патот Тетово – Пирок, кај село Долно Палчиште, кога автомобил БМВ се судрил со мотоцикл, при што мотоциклистот тешко се повредил, а деветгодишно дете, кое се возело со него, завршило со полесни телесни повреди.
„На 15 март 2026 година, во 14:18 часот, во СВР Тетово е пријавено дека на регионалниот пат Тетово – Пирок, кај с.Долно Палчиште, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило БМВ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 50-годишниот Џ.Р. од с.Горно Палчиште, Тетовско, и мотоцикл со тетовски регистарски ознаки, управуван од 22-годишниот А.И. од с.Долно Палчиште. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, додека, пак, со телесни повреди се здобил неговиот деветгодишен сопатник од с.Долно Палчиште, констатирани во Клиничка болница Тетово,“ соопшти полицијата.
The post Мотор и БМВ се судриле на патот Тетово – Пирок, повредено е деветгодишно дете appeared first on Слободен печат.


