Home Македонија Муцунски со осуда за палењето на објект на Еврејската заедница во Скопје

Муцунски со осуда за палењето на објект на Еврејската заедница во Скопје

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски денеска остро го осуди палењето на објект поврзан со Еврејската заедница и синагогата во Скопје, кое се случи за време на велигденските празници.

„Овој чин е целосно неприфатлив и заслужува најсилна осуда. Во нашето општество нема место за вакви дела“, порача Муцунски.

Тој информираше дека надлежните институции веќе започнале истрага за случајот и нагласи дека сторителите ќе бидат изведени пред лицето на правдата.

Воедно, министерот потенцираше дека Македонија останува посветена на вредностите на толеранција, соживот и мултиетничка хармонија.