Новиот закон за пуштење, според најавите на надлежните, следната недела треба да влезе во владина процедура. Министерот за здравство Азир Алиу вели дека законот е при крај и дека најдоцна оваа недела или следната ќе биде ставен во владина процедура.
– Стратегијата на Владата е сите закони да се работат синхронизирано и тоа го направивме и со овој закон. Иимавме неколку состаноци на работно ниво со работните групи, но и на политичко ниво во целата процедура беше вклучен и премиерот. Постојано се координираме и синхорнизираме со сите владини и невладини институции и бизнис заедницата. Законот е при крај. Денеска го имам последниот состанок за дополнително да се синхронизираме од правна гледна точка, изјави Алиу.
Премиерот вели дека во законот мора да има јасно правило како се користат ароматиизраните вејпови и не може да се исполнуваат барањата на увозниците и да се дозволи еден или два вкуса на вејпови.
– Не е ова шведска маса, малку од ова, малку од она. Или правиме холистички пристап со кој ќе направиме нешто или да оставиме вака да биде без контрола. Мора да имаме рамка, рече Мицкоски.
Законот требаше да стапи на 1 март како што беше првично најавено, но потоа неговата примена беше пролонгирана поради синхронизација и разгледување на барањата на засегнатите страни.






